
Главчев до репрезентативците: Имајте верба во себе - ве чека голем предизвик!
Најважната порака која Главчев им ја пренесе на кошаркарите е да веруваат во себе и да го дададат максиумот за да донесат успех за Македонија.
„Она во што сум убеден е дека ‘болеста’ која во изминатиот перид, за жал, многу често беше дел од нашиот тим, од нашата репрезентација, ќе ја оставиме позади нас, и ве уверувам дека момциве кои што чувствуваат дека припаѓаат на македонската репрезентација, ќе се обидеме тоа нивно чувство и да го оправдаме. Да ги задоволиме вашите потреби и барања, и ние сакаме, не само вие да бидете дел од нас, туку и ние да бидеме дел од вас.
Уште еднаш, пред се, сакам да ви посакам, многу здравје, имајте верба во вас, она што селекторот го зборуваше за хемијата, таа хемија секако ќе биде и од наша страна, подадена рака кон вас. Сакам заедно да покажеме на оваа земја дека ова не се само први почетоци кон некој подруг пат, туку кон некое по друго чувство, за тоа каква би требало да биде кошарката во иднина.
Јас сум свесен дека пред нас стојат големи предизвици. Моите очекувања не се ‘денес сакам жена, сега сакам жена’. Очекувањата се, полека, внимателно, трпеливо да бидеме сите заедно. И ќе бидеме...“порача Главчев пред македонските кошаркари.
Во овие претквалификации Македонија ќе биде без Ненад Димитријевиќ за кого новиот селектор Марјан Илиевски денеска потврди дека нема да биде со репрезентцијата затоа што сака да се одмори пред новата клупска сезона.