
Ѓорческа фуриозно до осминафинале во Рим: Бразилката Пигоси освои само два гема!
Доминираше Ѓорческа од почетокот до крајот на мечот и Пигоси иако 206. тенисерка на ВТА листата немаше шанси против расположената македонската претствничка.
Во два слични сета, Ѓорческа препушти само по еден гем на Бразилката, а до победата дојде за еден час и 27 минути.
Во осминафиналето Ѓорческа која е на 315. позиција ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Доминика Салкова и Петра Марчинко