
Роденденот на Јамал му направил проблем – фудбалер на Барселона добил казна од Флик
Форт беше еден од 35-те фудбалери кои добија покана да присуствуваат на роденденската забава на шпанскиот репрезентативец кој на Ибица го прославуваше своето полнолетство. Но, поради забавата која траела до раните утрински часови, тој задоцнил на прегледите пред новата сезона кои биле закажани за девет часот наутро.
Германскиот стратег, Ханси Флик е некој кој сака дисциплина, па поради ова младиот фудбалер добил казна и така ставил до знаење дека без разлика што се случува, правилата мора да се почитуваат.
Оправдувањето на Форт дека останал до доцна на роденденот не било доволно бидејќи сите фудбалери пред одморот добиле детален распоред каде и кога треба да се појават.
Клубот официјално не се огласил, меѓутоа медиумите пренесуваат дека фудбалерот ќе биде парично казнет, а можеби и привремено ќе тренира со резервниот тим на Барселона.
Фото: Barcelona F.C/X