Вардаровата експедиција доцна вечерва слета во Болоња од каде со клупскиот автобус се упати кон Римини каде фудбалерите ќе бидат сместени пред реванш натпреварот од Конференциската лига против против Ла Фиорита од Сан Марино.

Клупскиот автобус на Вардар ги пречека фудбалерите на аеродромот во Болоња кои таму пристигнаа со лет на Визер од Скопје.

Вардарци ќе бидат сместени во Римини, италијански град кој е најблиску до Сан Марино каде во четврток од 21 часот ќе го играат реваншот против Ла Фиорита.

Вардар со убедливи 3-0 го доби првиот меч против Ла Фиорита кој се одигра на Градски, па се очекува мирен реванш во кој треба да се потврди пласманот во следното квалификациско коло.