Бобан Бабунски ќе го преземе Шкупи?!

Прославениот македонски фудбалер, а сега менаџер, Бобан Бабунски би можел да биде новиот стратег на екипата на Шкупи.

Бабунски последниот ангажман го имаше во Беса, но кормилото на овој клуб го напушти по неполн месец во јануари и од тогаш е без клуб.

Претходно Бабунски и работеше во Шкупи, но како помошник тренер во првиот дел од минатата сезона.

Во тимот на Бабунски според најавите би требало да бидат Минас Османи, Ферид Весели и Умит Шахин кој би ја имал улогата тренер на голманите.

Бабунски во кариерата како тренер ги преводеше Пелисер, Победа, Вардар и Работнички, а работеше и во репрезентацијата на Македонија.