
Јокиќ наскоро ќе ја соопшти одлуката која цела Србија ја очекува
Најдобриот српски кошаркар и ѕвезда на Денвер нагетс не донел одлука дали ќе биде дел од српската репрезентација или ќе си го продолжи одморот пред новата сезона со Денвер.
Според српските медиум, Јокиќ е многу блиску да соопшти дека ќе ги брани боите на Србија.
„Јокиќ наскоро би требало потврдно да одговори на селекторот Светислав Пешиќ со кого имал разговор и се очекува Србија со него да го нападне европското злато“, гласат најавите во медиумите.
Српските медиуми додаваат и дека селекторот Пешиќ на располаагање ќе ја има целата екипа која во Париз стигна до олимписка бронза.
Евробаскетот Србија го стартува против Чешка на 27 август, а во групата се уште: Португалија, Естонија, Летонија и Турција.
Фото: Denver Nuggets/X