Ал Наср поради Роналдо го доведе тренерот кој освојуваше трофеи со големиот ривал

Португалскиот стратег, Жорге Жесус и официјално е именуван за нов тренер на Ал Наср, клубот каде што настапува Кристијано Роналдо, а договорот кој го потпиша е на една година со опција за продолжувње.

За Жесус ова е враќање во Садуска Арабија каде што минатата сезона го водеше Ал Хилал и успеа да оствари низа од 34 победи во низа освојувајќи тројна круна, првенство, куп и Суперкуп.

И покрај тој успех Ал Хилал одлучи да се раздели со него по неуспехот во азиските натпреварувања. Од друга страна Ал Наср зад себе има сезона без трофеј.

Голема улога во неговото враќање одиграл Кристијано Роналдо.

„Без него сигурно не би бил тука. Секогаш сум мотивран. Ал Наср мора да освојува трофеи, баш како и Роналдо кој секогаш освојувал трофеи и победувал во клубовите каде што настапуваше. Ќе видам дали можам да му помогнам во тој дел, зборуваме ист јазик и ќе биде полесно“, изјави Жесус.

Ќе потсетиме, неодамна и Роналдо стави потпис на нов договор со Ал Наср кој има важност до 2027 година.