Дрим-тимот на Охрид доби лесен противник на стартот од новата европска авантура!

Екипата на Охрид, која во следната сезона ќе влезе исклучително засилена, доби ривал по мерка на стартот од настапот во ЕХФ Европскиот куп, откако денешната ждрепка му донесе двомеч со тимот на Баку од Азербејџан во второто коло.

Дополнителна добра вест за охриѓани е фактот што првата средба ќе ја одиграат на теренот на противникот (11/12 октомври), додека реваншот е закажан во салата „Билјанини извори“.

Претходно, Тиквеш за ривал исто така во второто коло го доби турскиот првак Бешикташ, додека Бутел, кој ќе стартува од првата рунда, ќе ги одмери силите со Дуделанж (Луксембург).