
Немаа среќа: Алкалоид го доби најсилниот ривал во квалификациите за Европската лига!
„Фармацевтите“ како победник во ЕХФ Еврокупот минатата сезона добија шанса да се најдат во второто по квалитет клупско напреварување, но едноставно немаа среќа. Тоа, секако, не значи дека избраниците на тренерот Кирил Лазаров однапред ќе се предадат, туку сигурно ќе сторат се што можат да го изненадат фаворитот.
Барем нешто позитивно е што Алкалоид првата средба ќе ја одигра на теренот на противникот (30/31 август), додека реваншот е во салата „Автокоманда“ (6/7 ептември).