
Работнички го задржа најдобриот – Ѓуроски уште две сезони во „Градски парк“!
Тој пристигна во таборот на „црвено-белите“ во 2023 година и веднаш се наметна како еден од клучните играчи во тимот, па лидерската улога ќе ја има и во следната сезона. Со навршени 34 години во ноември, тој е најискусниот во составот и ќе биде важна алка во новиот проект на клубот. Ова е втор играч од актуелниот ростер што го продолжи договорот со Работнички, по капитенот Виктор Ефремовски.
Ѓуроски во минатата сезона одигра 28 натпревари во македонското првенство, при што постигнуваше просечно 16,5 поени, 4,4 скока и 3,6 асистенции по натпревар, со индекс на успешност од 14,9. Овие бројки му го донесоа признанието најдобар домашен кошаркар во шампионатот во изборот на „Евробаскет“.
Поради повреда на ногата, тој нема да биде дел од македонската репрезентација во претстојните претквалификациски натпревари.