
Трамп го блокира доаѓањето на српски репрезентативец на Летната лига во Лас Вегас!
Причина за тоа не е ниту повреда, ниту одлука на тренерот – туку административни пречки за влез во САД. Името на бекот на турскиот Тофаш се најде во официјалниот протокол на НБА тимот, но тој воопшто не отпатува за Америка, потврдија српски и американски медиуми. Проблемите настанале поради сложените визни правила кои почнаа да важат од новата администрација на Доналд Трамп. Како последица на тоа, српскиот репрезентативец не ги добил неопходните документи на време за учество на турнирот.
Трифуновиќ (24) минатата сезона имаше солидни настапи во турската Суперлига, со просек од 11,4 поени по натпревар во дресот на Тофаш.