
Бутел доби ривал по мерка, Тиквеш налета на турскиот шампион во Европскиот куп!
Натпреварите се закажани за почетокот на септември – првиот ќе се игра на 6 или 7 септември, а реваншот на 13 или 14 септември. Ова е второ појавување на Бутел на европската сцена, по дебито во 2022 година. И овојпат, клубот од Скопје влезе во натпреварувањето без статус на носител, но со поволна ждрепка која му го додели луксембуршкиот претставник.
Екипата на Тиквеш, пак, настапот ќе го почне од второто коло во истото натпреварување и тоа против актуелниот првак на Турција, Бешикташ. Кавадаречкиот тим првата средба ќе ја одигра на гостински терен на 11/12 октомври, додека реваншот е во Кавадарци на 18/19 октомври.