
НЕПТУН И СОС ДЕТСКО СЕЛО – СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО СРЦЕ
На настанот, организиран во соработка со „Донирај Компјутер“, ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ и децата од СОС Детско село учествуваа во креативна работилница, каде од стари компјутерски делови создаваа уникатни проекти. Резултатите беа фасцинантни – од DJ миксета и „компјутер што чита мисли“, до емоционални уметнички инсталации со силни пораки. Детската фантазија уште еднаш нè потсети дека кога има поддршка – таа е неограничена.
Но тука не застанавме. Организиравме и внатрешна аукција во Нептун, каде нашите вработени со срце се вклучија и придонесоа за децата. Собравме 14.000 денари – средства кои со радост ги дониравме на СОС Детско село.
Ова не беше само креативен настан. Ова беше симбол на континуитет – доказ дека кога партнерствата се градат на вистински вредности, секоја следна активност има уште поголемо значење.
Голема благодарност до сите вработени, до тимот на СОС Детско село за довербата, и до Борче Стаменов од „Донирај Компјутер“ за неговата инспиративна енергија.
Нептун останува посветен на оваа мисија – чекор по чекор, со големо срце и визија за подобро утре.