Вирц нема да биде единствен: Ливерпул прави уште еден трансфер од над 100 милиони евра?

Екипата на Ливерпул изгледа е подготвена ова лето да троши како никогаш до сега и по потрошените 250 милиони евра немаат намера да застанат.

Според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, Ливерпул тргнал во акција за доведување на Александар Исак, еден од најдобите напаѓачи во Премиер лигата.

Исак зад себе има фантастична сезона и во дресот на Њукасл посигна 23 гола со кои беше втор стрелец во првенството зад Мохамед Салах.

Романо тврди дека раководството на Ливерпул воспоставило контакт со луѓето од Њукасл и наводно се подготвени да понудат неверојатни 140 милиони евра.

Ливерпул ова лето веќе заврши еден голем трансфер бидејќи го доведе Флоријан Вирц за 125 милони евра. Исак во Њукасл пристигна од Реал Сосиедад пред три години за 70 милиони евра и сега вреди најмалку двојно повеќе. Претходно во кариерата наастапуваше уште за Борусија Дортмунд, Вилем и шведски АИК.

За репрезентацијата на Шведска има 52 настапи во кои постигна 16 погодоци. Во прилог на можното заминување на Исак оди и веста дека Њукасл го контактирал Ајнтрахт Франкфурт за услугите на Хуго Екитике.

Фото: Liverpool FC/X