
Тамба го „отвори“ ТНС, Шкендија води (ВИДЕО)
Пред една недела во Велс беше 0-0, а вечерва Шкендија поведе во 18. минута од реваншот во Скопје.
Стрелец беше Тамба кој круниса со гол една добра акција на својата екипа, но имаше и голема помош од противничкиот голман Шепард кој несмасно реагираше при центаршут и му ја подари топката на неколку метри од мрежата.