Ивановски по голема борба елиминиран во Сан Марино

Откако успешно ги мина квалификациите, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска е елиминиран во првото коло од Челинџерот во Сан Марино.

Тој загуби од третиот носител Матео Џиганте од Италија, но скапо ја продаде кожата. Џиганте славеше со 2-1 (6-7, 6-3, 6-3), а мечот траеше 2 часа и 41 минута. Одлучија 63. неизнудени грешки на Ивановски кој имаше повеќе винери од својот противник, но не успеа да ја задржи концентрацијата во клучните моменти.

Како резултат на успешните квалификации, Ивановски забележа скок од 60 места на АТП листата во живо, а дали ќе го задржи тој ефект, ќе се знаае на крајот од оваа недела.