
Дарко Панчев паѓа на четвртото место во историјата на Звезда
Медиумите кај нашиот северен сосед тврдат дека се е договорено и дека недостасува само официјализација, а кога тоа ќе се случи, Максимовиќ ќе стане најскап фудбалер кој поранешниот европски шампион успеал да го продаде. Тоа ќе доведе и до поместување на редоследот на најголемите трансфери во историјата на Црвена Звезда.
Ова го тангира и поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев кој досега беше на делба на третото место. Во 1992 година тој беше продаден на Интер за сума која сега би била еквивалент на 12 милиони евра. Поскапи од него досега беа само Дејан Станковиќ кој отиде во Лацио за 12,4 милиони и Горан Друлиќ во Сарагоса за 13 милиони евра.