„Српскиот Меси“ го избрал новиот клуб, Звезда ќе заработи како никогаш досега

Фудбалерот на Црвена Звезда, Андрија Максимовиќ кој го носи прекарот „српскиот Меси“ е пред потпис со бундеслигашот Лајпциг, а неговото заминување ќе претставува трансфер во историјата на белградскиот гигант.

По преговори кои траеа подолго време и интерес од европските гиганти, Лајпциг изгледа реагирал најбрзо и ќе стигне до потписот на Максимовиќ.

Според најавите, Лајпциг за неговите услуги ќе плати сума од 14 милиони евра, а дополнителни 500.000 евра белградскиот гигант би можел да инкасира преку бонуси. Покрај тоа Звезда успеа да договори и 10% од неговиот потенцијален следен трансфер.

Максимовиќ претходно се поврзуваше со клубови како: Ливерпул, Јувентус, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт, но на крајот се одлучил за Лајпциг.

Досегашниот рекорд на Звезда го држи Дејан Станковиќ со трансферот во Лацио за 12.3 милиони евра во Лацио во 1998 година.

Фото: FK Crvena Zvezda/X