На 114 години почина најстариот маратонец во светот – загинал додека преминувал улица!

Најстариот маратонец во светот Фауј Синг почина на 114-годишна возраст откако во него удрил автомобил додека преминувал улица во неговото родно село во Бис Пинд во Индија.

Фауј се натпреваруваше како британски атлетичар и се веруваше дека е најстарата личност во светот која завршила еден мартон, а неговата смрт ја потврдија од лондонскиот клуб „Sikhs in the city“ велејќи дека настан кој следи во Илфорд ќе послужи како прослава на живтот на Синг и неговите достигнувања.

„Со голема тага можеме да потврдиме дека иконата на хуманоста и истрајноста, Фауј Синг почина во Индија. На 114-годишна возраст им подлегна на повредите по ударот од автомобил додека преминувал улица во близина на својот дом“, изјавил Хармандер Синг кој долго време беше негов тренер.

Според информациите на официјалната страна на Олимписките игри, Синг е роден во Пунџаб на 1 април 1911 година и бил четврто, најмладо дете во неговото семејство кое се занимавало со земјоделство.

Интересно е што започнал да трча дури во 2000 година кога имал 89 години, а набрзо се прославил заввршувајќи го својот прв маратон во Лондон за шест часа и 56 минути.