
Пелистер се засили со поранешен фудбалер на Вардар
Ристовски кој има 28 години во кариерата беше дел уште од Вардар, Брера, Силекс, Работнички, Тиквеш, Борец и Кожф. Ангажманот во Кавала во јануари беше негов прв странство во кариерата, но не се задржа долго и го напушти клубот по само шест месеци.
Вкупно во Првата лига Ристовски зад себе има 134 натпревари во кои постигна 20 гола и подели 22 асистенции.