Роналдо ќе ја пропушта секоја четврта средба на Ал Наср зашто е - стар!

Кристијано Роналдо ќе пропушти дел од натпреварите на Ал Наср во новата сезона за да го зачува физичкото здравје и да избегне повреди.

Ветеранот, кој веќе има 40 години, со тренерот договориле план за намалување на натпреварувачкиот ангажман со цел долгорочна издржливост. Португалскиот ас се очекува во новата сезона настапи на 75-отсто од мечевите, односно да го пропушти секој четврти дуел на својата екипа, додека преостанатиот период ќе го користи за одмор и подготовки за клучните дуели, како и за претстојното Светско првенство.

Саудиската лига започнува на 21 август, а навивачите на Ал-Наср се надеваат дека Роналдо ќе биде во топ форма кога ќе се врати на теренот.