
Шпанците прогнозираат лоша сезона за Барса, причината е - Ханси Флик!
„Каталонците“ досега не направија големи промени, нови играчи се само голманот Жоан Гарсија и младиот Рони Бардги, атмосферата делумно ја наруши Нико Вилијамс со неуспехот во преговорите, но факт е и тоа дека Барса има стабилна екипа од минатата сезона на која не ѝ се потребни многу засилувања. Сепак, шпанските аналитичари сметаат дека претстојната сезона за Барселона нема да биде многу успешна од неколку аспекти.
Првиот е тоа што најголемиот ривал Реал многу се засили во летниот преоден рок во кој досега потроши 150 милиони евра и донесе нов тренер. Вториот аспект е исклучително интересен бидејќи Шпанците го сметаат Ханси Флик како слаба точка во екипата. За Германецот претстојната сезона ќе биде втора на кормилото на Барса, а традиционално во втората година тој има проблеми.
Кога го водеше Баерн, во првата кампања разнесе се пред себе и освои буквално се, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Веќе во втората наиде на проблеми и се задоволи само со трофејот во Бундеслигата и веднаш потоа ја напушти позицијата. Слично му се случи како селектор на Германија со која во втората година, на Светското првенство во Катар, не успеа да ја помине групата во која беа уште Шпанија, Костарика и Јапонија.
Шпанците очекуваат истото да му се случи и во Барселона која минатата сезона ги надмина сите очекувања и освои двојна круна во Шпанија, а притоа четири пати го совлада најголемиот ривал Реал.