
Талески: Не размислуваме за следните ривали, прво треба да ја завршиме работата со Ла Фиорита
Фудбалерите се свесни дека не смее да има опуштање и покрај убедливото водство од првиот натпревар. Голманот Давор Талески и неговите соиграчи мислат само на дуелот во Сан Марино кој ќе го детерминира продолжението од сезоната за „црвено-црните“.
„Максимално сме фокусирани и се подготвуваме како да е прв натпревар. Резултатот од првиот меч е само мотив плус да одиграме уште подобро в четврток и да го завериме пласманот во следната рунда. Ова се европски натпревари, без разлика со кого играме, не смееме да си дозволиме да размислуваме за следните ривали. Сега сме во Сан Марино и најважен меч ни е овој со Ла Фиорита на кој ќе дадеме се од себе за да ја довршиме работата“, рече Талески.