„ЧатГПТ“ кажа дали Ѓоковиќ ќе успее да освои 25. гренслем-титула

Најдобриот српски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ долго време се труди да го освои 25. пехар на гренслем-турнирите, меѓутоа засега не му оди најдобро.

Ѓоковиќ повторно беше во добра форма, меѓутоа беше елиминиран во полуфиналето на Вимблдон од страна на освојувачот на турнирот, Јаник Синер.

Србинот во моментов има 24. гренслем-титули, но и 38 години, па многумина се прашуваат дали има сила за уште еден пехар, а своја прогноза даде и „ЧетГПТ“.

Според вештачката интелигенција, Ѓоковиќ најмногу шанси има на Австралијан опен следната година, затоа што турнирот е на почетокот на сезоната и Србинот е „гладен“ за победа и одморен.

По него најмногу шанси има на Вимблдон, на третата позиција е Ју-Ес Опен, а „ЧетГПТ“ го „отпишува“ Србинот од трката на Ролан Гарос, каде што не му оди најдобро.