
Башкими кога ќе порасне сака да биде - Ливерпул (ФОТО)
А, дека сакаат да се поистоветуваат со големите клубови покажува и мотото испишано на банерот пред кој се потпишуваат новите договори - Никогаш нема да бидеш сам! - кое повеќе од шест децении е поврзувано со англискиот премиерлигаш Ливерпул. Станува збор за насловот на песна оригинално изведена во мјузиклот „Карузел“ (1945), која стана глобален симбол на поддршка, лојалност и заедништво, особено во фудбалската култура. Таа најмногу е поврзана со Ливерпул, чии навивачи почнуваат да ја користат во веќе далечната 1960 година се уште ја пеат пред секој натпревар на „црвените“.
Останува да се види дали Башкими ќе остане само на користење на мотото испишано на банер или, пак, ќе почне да ја пишта песната пред почетокот на прволигашките дуели со што би влегле во кругот на мал број клубови што го прават тоа. Освен Ливерпул, оваа песна е дел од културата на навивачите на Селтик, Борусија Дортмунд, Мајнц, Феенорд и ФК Токио.