
Шкендија ги почнува квалификациите во ЛШ против - шампионот на Велс!
Шкендија пред седум години се судри против ТНС, а тогаш во првиот меч славеше со убедливи 5-0, меѓутоа потоа на гостувањето загуби со 0-4, па токму на истиот стадион тетовскиот тим ќе се обиде да го поправи впечатокот од минатиот дуел и да обезбеди позитивен резултат пред реваншот, кој е закажан за седум дена.
Тетовската екипа во второто квалификациско коло, доколку претходно го елиминира ТНС, ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу ФЦСБ и Ескалдес. Доколку Шкендија биде елиминирана, тогаш се сели во Конференциската лига, каде што ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Дрита и Диферданж.
Вечерва во акција ќе биде и македонскиот фудбалер Димитар Митровски со Олимпија Љубљана против Каират.
Фото: Facebook/KF Shkëndija