Кансело со најемотивна порака се збогуваше од Жота!

Пораки за сочувство до семејството и најблиските на Диого Жота и Андре Силва пристигнуваат од сите страни, а можеби најемотивната ја испрати Жоао Кансело.

Кансело ја делеше соблекувалната со Жота во португалската репрезeнтација, но потсети дека загубата на Жота не е само фудбалска.

„Денеска не се разбудивме само без двајца фудбалери. Денеска три деца се разбудија без татко. Денеска мајка и татко се разбудија без двата сина. Денеска сопругата се разбуди без својот сопруг покрај неа. Денеска сите се разбудивме во шок.

Денеска светот жали и ова е еден од оние моменти кога треба да застанеме и да покажеме вистински чувства, како и да го цениме она што го имаме“, порача Кансело.

Фото: Portugal/X