„Бомба“ од Загреб: Динамо се засили со фудбалер од Барселона

Младиот шпански фудбалер Серги Домингуез денеска беше промовиран како ново големо засилување за поранешниот хрватски шампион Динамо Загреб.

Домингуез потпиша повеќегодишен договор со Динамо, а на „Максими“ доаѓа откако претходно настапуваше во фудбалската академија „Ла Масија“.

Според шпекулациите, Динамо платил 1,5 милиони евра за услугите на централниот дефанзивец, а Барселона ќе добие и процент од заработката од негова продажба во иднина.

Фото: FCBarcelona.com