Атанасов се врати во Краковија, ќе се бори да остане таму цела сезона!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов повторно, се врати во таборот на Краковија, откако заврши неговата позајмица во Пушча Ниеполомице – клуб кој испадна од полската Екстракласа.

Тој во втората половина од минатата сезона настапуваше како позајмен играч за Пушча, каде одигра 11 натпревари и постигна два гола. По испаѓањето на овој тим, 24-годишниот играч за врска се враќа во својот матичен клуб, со кој има важечки договор до јуни 2026 година. Неговото заминување во Пушча беше резултат на одлука на тогашниот тренер на Краковија, Давид Крочек. Меѓутоа, со доаѓањето на новиот стратег Лука Елснер на чело на тимот во јуни, Атанасов добива нова шанса да се наметне. Тој веќе е вклучен во подготовките на тимот кои се одвиваат во Варка.

Атанасов стана дел од Краковија во 2023 година, а претходно ги бранеше боите на Хајдук Сплит, Бурсаспор и Академија Пандев.

ФОТО: EPA PHOTO