
Вимблдон почна со шок: Медведев елиминиран уште во првото коло
Подобар од него беше 64. светски тенисер Бенжаман Бонзи од Франција кој славеше со 3-1 (7-6, 3-6, 7-6, 6-2). Со тоа Медведев само ја потврди 2025 како најлоша година во неговата кариера кога станува збор за резултатите на Гренд слем турнирите.
Во текот на целиот меч тој се движеше тешко, немаше волја и концентрација, се обидуваше со несериозни дроп удари и постојано гестикулираше кон својот бокс. Ова е негов прв пораз во првото коло на Вимблдон. За разлика од него, Бонзи играше смирено и ги искористи сите шанси што му ги даде славниот ривал.
Во второто коло Бонзи ќе се сретне со австралискиот тенисер Томпсон кој во пет сета беше подобар од Коприва.