ПСЖ направи господски потег со цел да го спаси Лион од испаѓање во Лига 2!
ПСЖ го уплати останатиот износ од трансферот на Бредли Баркола, иако во 2023 година го договорија за 45 милиони евра, со тоа што сумата требаше да ја исплаќаат на рати.
Фудбалскиот сојуз на Франција потврди дека Лион ќе биде исфрлен во Лига 2, а поранешниот шампион има право на жалба.
Лион успеа да врати дел од долгот, а уплатата на парите од парижаните дефинитивно дополнително ќе им помогне и ќе се обидат со жалба да обезбедат опстанок во елитата.
Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL