Пекол за Пелистер во ЛШ: Ќе игра со Барселона, ПСЖ и европскиот шампион!

Македонскиот шампион Пелистер и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, а на денешната ждрепка битолскиот состав ги дозна и противниците во групната фаза.

Пелистер противнците ги чекаше од третиот шешир, па така беше јасно дека ќе мора да се соочи со некој од најсилните тимови во Европа, а исто така тука беше и распределувањето поради правилото дека две екипи од иста земја не можат да играат во иста група.

Битолскиот клуб немаше премногу среќа, па така доби група во која ќе игра со актуелниот европски шампион, Барселона и Пари Сен Жермен. Додека од останатите екипи, тука се: ПИК Сегед, Висла Плоцк и Загреб.

ГРУПА А                  

1. Алборг

2. Фуксе Берлин

3. Веспрем

4. Кјелце

5. Нант

6. Спортинг Лисабон

7. Динамо Букурешт

8. Клоштад

ГРУПА Б

1. Висла Плоцк

2. Барселона

3. ПСЖ

4. ГОГ Гудме

5. Магдебург

6. ПИК Сегед

7. Загреб

8. Пелистер