Младинците ремизираа со Косово во меч во кој им беа доделени - девет технички!

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 одигра нерешено, 69-69 против селекцијата на Косово во реванш пријателскиот меч кој се играше во Качаник, во главна улога беа судиите на овој натпревар.

И покрај лошото судење во кое беа досудени дури девет технички грешки, македонските кошаркари не го загубија мечот од Косово.

„Ќе кажам само тоа, ни беа досудени дури девет технички грешки за време на натпреварот во кој одлучив да ги поштедам Лукановски и Зетов, а многу малку во финишот на средбата, играше и Стојковиќ, како трет од стартната петорка која ја имавме на првиот меч во Скопје“, рече селекторот Горан Самарџиев по оваа проверка, последна за нашата селекција „под 20“ години пред ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија.

Натпреварот беше неизвесен, нашите момци на полувремето водеа со 37-35. Косово беше подобар противник во третиот дел од играта кој го заврши со водство од 54-48. Домаќините имаа и двоцифрена предност во последната четвртина, во која нашиот тим успеа да ја стигне и да дојде до нерешен резултат 69-69.

Павел Иваанов со 14. поени беше нашиот најефикасен кошаркар. Двоен ефект, од 10. поени и 11.скока, реализираше Исак Муареми.