Партизан донесе мега засилување, потпиша со - Џабари Паркер!

Кошаркарскиот клуб Партизан го промовираше второто засилување за наредната сезона, во Белград пристигна Џабари Паркер од Барселона.

Брзо откако го објави Дилан Осетковски од Уникаха, Партизан информираше дека се засилува и со Џабари Паркер.

„По две сезони во Барселона, Паркер потпиша двегодишен договор со Партизан“, стои во дел од клупското соопштение на црно-белите.

Поранешниот втор пик од НБА драфтот и играч на Бостон Селтикс, Сакраменто Кинг, Атланта Хоукс, Вашингтон Визардс,Чикаго Булс и Милвоки Бакс, треба да биде големо засилување за Партизан.

Џабари е роден на 15 март 1995 година, висок е 203 сантиметри и игра на крилната позиција. 

Паркер во минатата сезона во Евролигата имаше просек од 13,8 поени и четири скока по натпревар.