
Атлетико Мадрид доживеа дебакл на СКП, па Симеоне веднаш доби засилување од 50 милиони
Атлетико Мадрид се избрука на Светското клупско првенство, беше елиминиран уште во групната фаза, па Диего Симеоне се пожали и порача дека „мора да се сработи многу повеќе“.
Клубот по брза постапка го договори Алекс Баена и си подаде рака со Виљареал за зделка вредна 45 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Исто така е направен напредок и во преговорите со Аталанта за трансфер на бекот Матео Руџери, како и за трансфер на Џони Кардосо од Бетис.
ФОТО: X/Villarreal CF