
Жиру по една година во САД, му се врати на европскиот фудбал!
Една година само траеше авантурата на Жиру во САД каде играше за Лос Анџелес ФК.
Откако го заврши настапот со овој клуб на Светското клупско првенство, го договори трансферот во Лил.
Закажани се и медицинските прегледи, откако ќе ги помине, ќе го потпише договорот по што трансферот ќе биде комплетиран.
Жиру кој во септември ќе наполни 39 години, по 13 години се враќа во Франција каде последно играше за Монпелје, пред да се пресели во Арсенал.
Фото: X/LAFC