
Македонија го декласира САД и го освои 25. место на младинското СП
Нашите ракометари го почнаа натпреварот на одличен начин и по 10 минути игра имаа предност од 10-1. Македонија го контролираше ритамот и во продолжение на првото полувреме и постојано ја зголемуваше предноста до 24-13 на полувреме.
Американците не успеаја да ја вратат неизвесноста во вториот дел, додека Македонија продолжи да доминира на теренот и на крајот триумфира со убедливи 47-28.
Најдобар стрелец во редовите на Македонија беше Белистојаноски со седум голови, додека по пет постигнаа Субашевски, Шулески и Калајџиески.