Давид Алаба не може глава да крене од повреди, следува нова пауза!

Се чини дека Давид Алаба нема уште долго да игра, дефанзивецот на Реал Мадрид постојано се повредува, откако се врати по долгата пауза никако да врзе континуитет на натпревари.

Информациите од Реал Мадрид велат дека повторно е повреден.

„По медицинските тестови врз нашиот фудбалер Давид Алаба направени од медицинскиот тим на Реал Мадрид, дијагнозата е мускилна повреда на левата нога“, стои во соопштението на клубот.

Според шпанските медиуми, Алаба ќе паузира еден месец.

Тоа е доволно за да се врати пред почетокот на новата сезона, но сигурно ќе биде под лупа на лекарскиот тим и поради честите повреди.

Реал Мадрид вложи во дефанзивец, во младиот Дин Хујсен, како и на бековската позиција во Трент Александер-Арнолд.