Ивановски го дозна ривалот во полуфиналето на турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе се бори против Мирза Башиќ во полуфиналето на турнирот во Загреб.

Ивановски обезбеди полуфинале со триумфот од 2-1 во сетови против Вито Тонејц, па го чекаше подобриот од мечот меѓу Башиќ и Емануел Иванишевиќ, синот на легендарниот Горан Иванишевиќ.

Иванишевиќ загуби во четвртфиналето од Башиќ со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 0-6, па така 33-годишниот тенисер утре од 10 часот ќе се пресмета против Ивановски.