Тодороски потпиша за албански Фљамуртари

Македонскиот интернационалец Тодор Тодороски добива нов предизвик во кариерата, откако реши да потпише за Фљамуртари од Албанија.

Албанскиот прволигаш денеска го потврди трансферот на Тодороски преку социјалните мрежи, откако македонскиот фудбалер претходно го носеше дресот на Политехника Јаши.

Тодороски има настапи и за Сумгаит, Серед, Раднички Ниш, Шибеник и други екипи во кариерата.