Македонските млади кошаркарки водеа 39 минути против Косово, на крајот загубија!

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го загуби вториот пријателски меч против Косово со 71-70, на овој дуел бевме гости.

На мечот кој се играче во Качаник, избраничките на селекторот Виктор Петровски водеа речиси цел меч и на крајот загубија.

Првата четвртина ја добивме со 26-19, до полувремето за поен го зголемивме водството, па на одморот се замина со наша предност од 42-34.

Во вториот дел се променија работите, Косово почна да ја топи предноста на македонските кошаркарки. Во последниот период се влезе со наше водство од 52-49. Предноста ја одржувавме до последната минута, во која домашните кошаркарки го имаа првото водство и победија со 71-70.

Најефикасна за Македонија беше Ања Начевска со 20 поени, Колева постигна 16 поени, Пислевска 15.

Ова беше и последната контролна средба за оваа наша селекција, која во текот на следната недела патува за Литванија, каде ќе учествува на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години.