Иван Николоски ќе го брани голот на Шкупи!

Шкупи денеска промовираше уште едно засилување за наредната сезона, овојпат се пофали со потпис на 22-годишниот македонски голман, Иван Николовски.

Чаирскиот клуб носи втор голман во овој преоден рок, сега потпис на договор со Шкупи стави Иван Николовски.

„Добредојде во ФК Шкупи, Иван Николоски!
22-годишниот македонски голман ни се приклучува со меѓународно искуство како поранешен член на младинската репрезентација У21. Син на поранешниот репрезентативен голман Јане Николоски, Иван носи сигурност и квалитет меѓу стативите.
Добредојде во Чаир, Иван – заедно кон големи успеси!“, стои во соопштението на Шкупи.

Неговиот татко, легендарниот голман Јане Николовски во два наврати го бранеше голот на Слога Југомагнат, денешно Шкупи. Сега Чаир ќе го види и наследникот на Јане.