Ѓоковиќ со пораз од Хачанов ги почна подготовките за Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Русинот Карен Хачанов со 0-2 во сетови, односно 6-7 и 4-6 пред почетокот на Вимблдон.

Во првиот сет беше забележана рамноправна борба меѓу двајцата тенисери, но Хачанов во тај-брејкот беше подобар со 7-4.

Србинот во вториот сет пропушти неколку брејк шанси, по што пристигна казната во финишот на мечот кога Хачанов успеа да стигне до 6-4.

Ѓоковиќ и Хачанов на официјалните турнири се соочија дури 10 пати досега, а девет победи има српскиот тенисер.