Нови промени во Премиер лигата - интервјуа на полувреме и преноси од соблекувална!

Премиер лигата реши да направи одредени промени за следната сезона со кои треба преносите да се направат поинтересни за љубителите на англискиот фудбал.

Новинарот Фабрицио Романо објави дел од промените кои ќе се имплементираат. Меѓу нив се интервјуата со фудбалерите и тренерите на полувреме, како и интервјуа со фудбалерите веднаш откако ќе бидат повлечени од игра.

Навивачите ќе можат и да погледнат во соблекувалните на екипите, затоа што ќе има директни преноси со цел да се пренесе целосната слика за време на натпреварите.