Калин ќе игра полуфинале во Загреб – противник може да му биде синот на Иванишевиќ!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски славеше победа над Хрватот, Вито Тонејџ со 2-1 (6-4 67, 6-2)  во сетови и на тој начин се избори за полуфинале на турнирот во Загреб.

Мечот донесе голема борба и траеше речиси три часа во кои беа одигра 218 поени. Ивановски мечот го почна со брејк уште на стартот, но домашниот тенисер веднаш возврати. Одлучувачкиот момент се случи во деветтиот гем кога Калин уште еднаш го одземе сервисот на противникот, а потоа и го потврди за 1-0 во сетови.

Вториот сет беше најнеизвесен и донесе неколку пресвти за на крајот Тонејц да го добие тај-брејкот со 7-5 за израмнување во сетови.

Во третиот сет Ивановски направи два брејка и него изгуби сервисот, па така со 6-2 дојде до пласман во полуфиналето каде што ќе се соочи со подобриот од мечот помеѓу Мирза Башиќ и Емануел Иванишевиќ, син на легендарниот Горан Иванишевиќ.