
Толку од МЛС: Жиру е пред враќање во Европа
Наводно, 38-годишниот голгетер е блиску до потпис на договор со Лил. Ако се остварат најавите, Жиру така ќе се врати во Франција по пауза од цели 13 години. Последен пат беше дел од Монпелје во 2012 година кога овој тим сензационално ја освои титулата, а потоа се пресели во Арсенал.
Подоцна настапуваше уште за Челси и Милан, а со репрезентацијата на Франција го освои Мундијалот во Русија во 2018 година.
Договорот со Лос Анџелес му истекува на крајот на календарската година, но многу е веројатно неговиот сегашен клуб да го пушти да се пресели во Лил бидејќи во Калифорнија не се задоволни од учинокот кој го имаше во претходната сезона.
За репрезентацијата на Франција, Жиру одигра 137 натпревари во кои постигна 57 погодоци.