
Бразилците се перфектни на Светското клупско првенство, Аргентинците испаднаа!
Палмеирас, Ботафого, Флуминенсе и Фламенго изборија пласман во нокаут фазата од големото клупско натпреварување.
Бразил сигурно ќе има барем еден тим и во четвртфиналето со оглед на тоа што една од осминафиналните двојки е дуел меѓу Палмеирас и Ботафого.
За разлика од бразилските екипи, аргентинските го завршија учеството уште во групната фаза. Славните Ривер Плата и Бока Јуниорс се елиминирани откако и двете завршија како трети во своите групи.
Фото: X/Botafogo