Ѓокереш сака преселба во Англија, веќе го одбрал и клубот!

Фантастичниот напаѓач на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш е една од најатрактивните трансфер цели во овој летен преоден рок.

Последните информации велат дека тој сака трансфер во Манчестер Јунајтед.

Ѓокереш има одличен однос со Аморим со кој работеше во Спортинг. Тој му верува на португалскиот стратег и на неговиот проект со Јунајтед.

Интерес за напаѓачот има и од Арсенал и Ливерпул, но неговата желба да потпише за Манчестер Јунајтед може да се покаже како клучна.

Фото: X/Sporting