
Дарко Ѓукиќ се враќа во Македонија, но не во Вардар - потпишува за Охрид!
РК Охрид ја зголемува српската колонија, се создава проект кој треба да биде конкурентен на Пелистер, Вардар и Алкалоид.
Според „Балкан-Хендбал“, ново засилување за Охриѓани ќе биде српскиот репрезентативец, Дарко Ѓукиќ.
Ѓукиќ на македонската публика ѝ е познат по настапите за Вардар во кој се задржа три сезони, минатата година ја мина во Динамо Букурешт, но брзо одлучи да се врати во Македонија.
Наскоро се очекува и официјална презентација на Ѓукиќ како ракометар на Охрид.