Атлетик Билбао и Барселона се скараа за Нико Вилијамс, односот им е комплетно нарушен!

Атлетик Билбао нема намера да преговара со Барселона за некој креативен начин за реализација на трансферот на Нико Вилијамс.

Барселона може да го купи Нико Вилијамс со активација на откупната клаузула која изнесува 58 милиони евра.

Каталонците засега не го прават тоа, но јавно кажаа дека се заинтересирани за Вилијамс.

Тоа го налути Атлетик кој смета дека со тоа што Барса јавно го искажа интересот за Вилијамс, прави притисок.

Атлетик Билбао одбива преговори со Барселона за евентуално исплаќање на трансферот на рати, тие не сакаат да слушнат за намалување на сумата, па откупната клаузула е единственото решение за заминување на Вилијамс.

Во меѓувреме Атлетик Билбао побара од Ла Лига да ја „пречешла“ документацијата на Барселона и да испрати финансиска контрола бидејќи според нив Каталонците не го почитуваат правилото 1:1 што е клучно за реализација на овој трансфер.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас пред извесно време и јавно кажа дека Барселона уште не во согласност со правилото 1:1, односно да може да потроши онолку колку што заработила. Жоан Лапорта е уверен дека до 30 јуни ќе ги исполнат условите.

Двата клуба влегоа во многу лош однос и почнаа препукувања против медиумите.

Нико Вилијамс сака трансфер во Барселона, тој го известил Атлетик Билбао за неговата желба, но сега се е во рацете на каталонскиот клуб, дали тие ќе ја активираат откупната клаузула.